Home > Uncategorized > Среќа

Среќа

Седејќи во паркот набрзина го одвитка купчето во неговиот скут, завиткано во евтина бакалска хартија. Веднаш го заудри јакиот мирис на сирењето. Го зеде средно големото грутче во десната рака и го погледна. Бело и убаво, му се виде дека тоа му се насмевнува па и тој му возврати со насмевка.

Со два прста чепна мала ронка и ја вкуси. Срцето му заигра од возбуда а играта на рончето сирење по неговите сетилни клетки му се причини како да трае една цела прекрасна вечност. Голтна……па воздивна длабоко. Таман се спреми да го прими во себе остатокот од постоењето на средно големото грутче сирење, пред него, сосема ненадејно, се појави неговата другарка од соседната клупа.

Го гледаше со неизмерна желба, де него, де миризливото сирење, а рацете срамежливо и стоеа стуткани позади грбот. Се потргна во лево и и направи место да седне. Таа седна до него и ја мушна раката во џебот од неговиот тенок капут. Го подели сирењето на два еднакви дела и сосема задоволен едната половина и ја подари неа.

Јадеа дур гледаа како паѓаат последните есенски лисја. Зимата доаѓаше. Воздухот веќе мирисаше на снег и на големи студови. Во тој момент, тие двајца, чуствуваа дека се најсреќните луѓе на Светот.

…….а имаа толку малку причини за тоа.

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. February 17, 2006 at 4:46 pm

    🙂 ubavo e

  2. February 17, 2006 at 6:48 pm

    definitivno cool, milo mi e sto te fativ da te citam od pocetok…

  3. February 17, 2006 at 7:12 pm

    thanx 🙂 Би требало да има многу од каде што се појави ова и…..навистина ми е многу мило што се наоѓа по некој да прочита………..

  4. February 18, 2006 at 1:34 am

    редовно! свежо и просветлувачки..ае, keep on this track.. идеш у букмаркс 🙂

  5. February 18, 2006 at 11:16 am

    фин е блогов, се надевам ќе го развиеш подобро… драго ми е што некои од новите блогови се actually good:)Поздрав..п.с. мојот блог не е за приказни… смени го линкот, битте.

  6. February 18, 2006 at 12:19 pm

    oops sorry…веќе е променето…..

  7. February 18, 2006 at 2:24 pm

    :)фала ти :hug:

  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: