Home > Uncategorized > Гласник

Гласник

“Драга, извини што можеби ова не е многу читко но морам да брзам, мислам дека дознаа дека им го украдов пенкалото и сега сеигурно ќе дојдат по мене……….ете, ми се чини дека веќе доаѓаат по ходникот…….

…… и извини за капкиве пот но премногу е топло во малово собче…….не, не се солзи! Та зашто би плачел кога имам толку многу причини да се радувам……

Сепак, мислам дека ти должам објаснување, затоа и ова писмо!
Откако те сретнав за прв пат ми се чини минаа стотици векови а сигурно поминале само неколку. Од тој момент јас немам мир! Ти ми стана се на овој Свет, причина да живеам, причина да умрам и повторно да се родам. Правев се за да ти се приближам, да бидам барем малку во твоја близина иако знам дека ти ни во секунда не беше свесна за моето постоење. Минатиот пат стигнав толку блиску но ете, проклетиот воз мораше се да расипе и да не раздели толку далеку, како никогаш претходно.

Овој пат се тргна поинаку уште од самиот почеток. Тоа што мајка ми умре во моментот кога ме донесе на Свет и тоа што татко ми подоцна целосно си ја удави душата во безброј шишиња вино знаев дека неможе да е добар знак. Сето тоа ми ја отежна работата и остварувањето на мојот голем план. Планот конечно да бидеш моја! Колку и да се трудев, секогаш постоеја некои злобни, невидливи раце кои ме влечеа подалеку од тебе. Ете, по којзнае каква ли грешка завршив во оваа правлива и нечиста зграда на крајот од градот и тоа со луѓе кои ни приближно не одговараат на висината на мојот интелект!!

Драга……доаѓаат! Морам да бидам краток!
Едноставно неможам повеќе да се трудам да успеам, се е премногу мачно! Затоа решив се да прекине тука и сега…….. и да се обидам повторно од почеток. Свесен сум дека тоа ме одалечува од тебе многу години но барем наредниот пат кога ќе се видиме ти веќе ќе го имаш ова писмо. Среќен сум што конечно ќе бидеме заедно!

Драга……доаѓаат! “

Кога докторот и двајцата ќелави од обезбедувањето влегоа во малата остава на крајот од ходникот се што видоа беше ова писмо како носено на дланките од промајата полека слетува на подот. Докторот набрзина прескокна до прозорецот на другиот крај. Глетката не беше најпријатна. Никогаш не е пријатно да видиш мртовец во доцните денови на јули.
По неколку секунди поминати гледајќи го безживотното тело на пациентот, некои три ката удоле, им се сврте на двајцата ќелави што послушно стоеа позади него:

“Јавете на полиција. Кажете им……..незнам! Излажете нешто! Кажете дека го украл клучот, несмеат да сватат дека сме го оставиле незаклучен………!
Потоа набрзина излегоа, најверојатно да ги завршат сите административни работи околу смртта на пациентот!

Полу испишаниот лист хартија остана да лежи на подот од оставата, осветлена од ширум отворениот прозорец. Го подигнав од подот и грижливо го спакував во светло син коверт. Ги запишав неговите иницијали со сребрени букви во десниот горен агол, така сакше тој. Сега морам да тргнам на пат, писмото мора да се испорача, гласникот мора да си ја заврши својата работа!

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. February 21, 2006 at 5:03 pm

    a samoubiecot mozebi go pisuval svoeto pismo do nesto apstraktno – nekoe custvo , sreka ; nekoja zelba , ljubov ; vreme ili slicno. cudni ni se na nas ludacite, na prv pogled nema smisla toa sto go zborat , a vsusnost mozebi ima. neznes dali se superpametni ili superglupi.

  2. March 12, 2006 at 8:04 pm

    ако не си го читал Тони Кушнер, ти го препорачувам..особено драмата „Ангели во америка“..

  3. March 12, 2006 at 8:09 pm

    фала на препорака(баш ме интересира каква е поврзаноста со пост-ов)……..А немаше направено филм со истиот наслов? Дури мислам дека беше прогласен за ТВ филм на годината за 2005 во USA…..

  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: