Home > Uncategorized > Во Дудинковата Улица (дел први)

Во Дудинковата Улица (дел први)

Петко Бувот беше бивш член на КПЈ, дел од нејзините највисоки кругови. Сега, веќе одамна пензиониран но сеуште прилично крут во своите верувања, впрочем, ист како во своите најцрвени денови.
Соседите негови велат бил толку закоравен што кога за минатиот Бадник тетка Крстана, инаку негова долгогодишна сопруга, по толку години за прв пат решила да направи лепче со паричка , Петко Бувот збеснал! Цела зграда можела да го слушне како и ја пцуел верата и иконите и црквите а најмногу името. Лепчето пак, преку затворениот прозорец се нашло закачено во крошната на една од дудинките. Тетка Крстана црвенеела двојно. Еднаш поради срамот од својот сопруг и уште еднаш што никако не успевала да направи убаво, меко лепче што барем еднаш нема да го пробие прозорецот.

Ете, истиот тој Петко Був, таа кобна летна вечер, беше излегол на терасата со својата ловџиска пушка да се олесни малку од нервозата која хронично го напаѓаше доцна навечер. Стои така Петко на четвртиот кат, се загледува кон ноќното небо, одвреме-навреме замазнувајќи си ги и така замастените бркови. Њури, њури се така нагоре, како да бара нешто! И ете наеднаш пред него, токму над патот, помеѓу дудинковите крошни, соседот од приземје лета во сон! Мирен човек тој соседот, незапослен филолог, несуден писател, секогаш со главата во облаци. Никој незнаеше како точно му е името, едноставно го викаа “Карлсон”.

Се намести убаво Петко, длабоко зема воздух, нанишани. Кутрот Карлсон, токму во најубавиот дел од сонот, сега баш кога требаше со дотогаш невидена пируета да се вивне нагоре кон височините, беше најгрубо прекинат! Се слушнаа два, тапи, длабоки истрели од балконот на Петко Бувот.
“Аха!! Конечно те погодив!!” извика тој дур го гледаше телото на Карлсон како стрмоглаво паѓа кон асфалтот!

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. July 8, 2006 at 10:40 pm

    океј ти е новиов темплејт! книжевнички.. сега – на работа! 🙂

  2. July 8, 2006 at 11:20 pm

    Тоа е намерата. Имам дууури месец ипол до септемвриска 🙂

  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: