Home > Uncategorized > Крај

Крај

Помеѓу димот од цигари и звуците од некои летни хитови и турбофолк песни, мирисот на нејзиниот Долче Габана парфем беше како освежувачка оаза. Не припаѓаше тука. Во оваа слабо осветлена турканица од тела. Нејзиниот шарм беше за некаде многу подалеку, понастрана од ова место кое мириса на кромид и евтини сапунчиња. Беше поднапиена и лесно правеше место за себе туркајќи ја гужвата наоколу, играјќи, движејќи се некако без врска со ритамот на музиката.

По сето она што се имаше случено помеѓу нас пред три години, не ми беше лесно да и придам прв пат по толку време. Се гледавме по автобуси, низ град, на тротоар, на пешачки…..но секогаш дечко и ја влечеше на страна. Ретко успевав да и кажам повеќе од едно обично здраво а сега беше конечно сама, без него. Порано ја сакав многу, сега веќе и самиот незнев. На моменти ја мразев неа, на моменти себеси но најчесто терав некој сосема нелогичен инает. Најверојатно само се плашев повторно да не ги направам исте грешки од порано. Да останам нем кога треба да зборувам, да не направам ништо кога најмногу треба да дејствувам. Како поради неа, сите мои слабости да испливуваа на површина.

Муабетот половина ни се губеше низ гласната музика но одеше лесно, без усилби, сосема лежерно. Секогаш кога нејзинта коса ќе ми го допреше лицето по малку се здткував и некако се околу мене излегуваше од фокус, но сепак се обидував да останам при себе. По една кратка пауза се привлече сосема блиску до мене и ми шепна:

– “Ќе ми раскине дечкото……знам……ептен ни се заладени односите…..во последно време скоро и да не зборуваме…..сигурно е”

– “Бу…будала е……ако ти раскине” излета од мене онака без врска, кажано на памет

– “Може да најде он многу подобра од мене…..незнам зашто воопшто цело ова време е со мене…….”

-“Па ти си премија за него…….ти си поубава од која било друга……”

-“Ти си единствен што мисли така……..”

-“…..и отсекогаш сум мислел така”

Во тој момент ми ја зема раката и дланката си ја привлече на лицето. Ми се чини на местото каде што ме допираше аголот од нејзината уста ми остана белег. Ако поминам и сега со прст преку тоа место како да имам мала изгореница. Незнаев колку време стоевме така, можеби секунда, можеби минута или многу повеќе. Знам само дека дојдоа другарките и ја одведоа надвор под изговор дека е премногу пијана и дека и е време да си оди дома. Останав на место, не движејќи се, не мрдајќи, држејќи во рака шише одамна изветреано пиво, со милион мисли и слики што ми претрчуваат низ глава. Слабостите одамна веќе работе со полна пареа. Се освестив кога ќелнерот ме истурка на страна за да дојде до шанкот. Ме печеа очите од димот од цигари, ми се лошеше од гужвата, мрзев што сите ме туркаат. Едвај се извлеков надвор.

Подоцна сватив дека воопшто не се бев извлекол, навидум, се повеќе се губев себеси. Не можев да спијам ни да јадам со денови. Ја барав насекаде. Се вратив повторно на тоа место наредната недела но неа ја немаше, ни неделата потоа ни таа после неа. Собрав храброст и да ја побарам на телефон, и беше исклучен. Деновите после тоа станаа летаргични и испразнети од каква било надеж. Спиев се повеќе само за да не мислам на неа, не кревав ролетни, не излегував никаде. Знаев дека е само фаза и дека кај и да е ќе престане па затоа и си дозволив целосно да се препуштам на меланхолијата. Малку мазохизам никогаш не боли премногу.

По неполни два месеца од нашата повторна средба ми стигна писмо. Беше потпишано и од нејзиниот ракопис и од нејзиниот парфем. Се воздржував да не го раскинам пликото на ситни парченца за да дојдам до она што е внатре. Се правев незаинтересирано и ладно, како да добивам известување за заостанато плаќање, и самиот без да знам зашто. Внатре имаше фино декорирано, бело превиткано картонче. На предната страна, две златни црковни ѕвона сврзани со панделка. Внатре, На датум тој и тој во брак ќе стапат божјите чеда ……. и не читав понатаму, се ми стана веднаш јасно! Скокнав директно на крајот каде го препознав нејзиниот ракопис. Пишуваше Извини…….никогаш не сум знаела да правам добри проценки на нештата.

Со насмевка ја испуштив поканата на подот. На екс испив полупразна чаша топла водка и поспано се стутулив на креветот. Конечно ….. крај.

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: