Home > Uncategorized > Будење

Будење

Ме разбуди груба женска рака. Ме нишна два пати.

-“Ајде станувај дете…..време е”

….и веднаш излезе од собата. Сеуште беше многу рано. Веројатно уште немаше ни 5. Преку зелената завеса на прозорот влегуваше слабо светло. Ни сонцето не е изгреано како што треба. Се исправив во креветот и седнав пуштајќи си ги нозете слободно да висат од него. Чудни беа креветите, високи, речиси двојно повисоки од оние дома и неверојатно тврди. И покрај тоа, не ми се стануваше, ми се спиеше до солзи. Но, кога се мора, се мора. Си го протрив лицето со дланките да се расонам. Беа груби и сигурно ќе ме изгребеа да немав на лицето едно неделна брада. Одвојувајќи ги од лицето ги погледнав. Речиси под секој прст имав плускавец а на десниот палец една голема, веќе зарасната расекотина што ја заработив минатат недела. Скокнав на нозе ….. така како што бев, бос. Научив да не ми смета да одам бос. Едвај ги забележував малите каменчиња што, првите денови кога дојдов овде, ми се чинеше дека боцкаат неподносливо. Ја турнав вратата со рамо и полека излегов во малото темно ходниче па од него на терасата.

Знаев дека требаше да дојде деновиве по мене но не очекував да го видам баш тоа утро. Стоеше на терасата, костумосан, поразличен од кој било во близина. Ме прегрна и машки ме истапка по грбот. Не се беше сменил воопшто. Не се беше сменил цел живот, глупаво ќе беше да очекувам да се смени за тие два месеца дур јас бев таму.

– ” Мооооре синко! Си се сменил еј! Си се испекол на сонцето!! Ееее викаа сите дај го да ринта негде, само тоа е доволна казна за него! Овие два месеца подобро да ти го дотерале умот!!! ” со превиткан показалец ме тресна по слепоочница.

– ” Доста мангупирање, слушна?! Се враќаш сега назад со мене, ќе работиш ти сега, ти ќе ја тераш трговијата, бизнисот! Доста ти беше скитање и пијанчење по кафани!! Ама уствари, за тоа се наговоривме уште пред да те бутнам во дупкава, си знаеш ти!”

Стоеше пред мене, поситен и понизок. Ми се кезеше во лице како да сум негова сопственост…..стока. Не го ни забележував.

Сонцето едвај ѕиркаше од зад блискиот рид на исток. Беше сеуште свежо но на небото немаше ниедно облаче па беше сигурно дека тоа набрзо ќе се смени. Ќе биде уште еден пеколен ден. Ги затворив очите. Од позади куќата доаѓаше мирисот од лебот што се пече во фурната. Пред мене мирисаа закачените снопчиња суво нане и чај од мајчина душичка. По звуците што доаѓаа од подрумот и по мирисот што доаѓаше сигурно некоја од жените вади сирење од малите дрвени каци. Убаво, масно, козјо сирење. И тоа сигурно многу има извадено, да стигне за сите. Неморав да ги отварам очите, неморав ни премногу да се напрегам за да сфатам што се се случува околу мене. Изминативе два месеца тоа се повторува секое утро. Рутинска подготовка за денот што следи. Жените го спремаат појадокот, мажите ја средуваат стоката, ги впрегнуваат воловите. Јас се обидувам да се расонам.

– “Што си се здрвил така?! Ајде пакувај парталите и да одиме!!”

Заминавме набрзина, без појадок, без поздрав. По пат во возот ми беше тешко и плачев. Минатите два месеца беа пеколно тешки. Работата беше непорна и исцрпувачка. Ослабев 15 кила и се научив да спијам по 5 часа на ден. Сепак сакав да останам бидејќи таму бев помеѓу луѓе, вистински, добри, чесни и трудољубиви луѓе. Незагадени од зоолошката градина насекаде околу нив. Ме стегаа градите. Несакав назад кај лицемерите. Сакав да скокнам од возот но немав сила, бев уморен од се.

Ме разбуди груба машка рака. Ме нишна два пати.

-“Ајде станувај дете…..време е!!”

Возот стоеше. Купето мирисаше на пот и прашина и дим од евтини цигари. Низ прозорот неможеше да се види сонцето што одамна веќе беше изгреало.

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. August 11, 2006 at 8:43 am

    mnogu pravoliniski…treba happy end…nikoj ne ti komentiral do sega? svaka chast shto uste pisuvas!

  2. August 12, 2006 at 9:47 am

    Знам дека е праволиниски, но целам кон вињети па и не е чудно (ваљда?!)! А за happy end….. никад не ме сакале happy end-ови! Што се однесува до коментарите, не се неопходни, иако се добредојдени 🙂

  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: