Home > Uncategorized > Големото Читање

Големото Читање

Во 2003 година BBC организира анкета за да се дознае кои се најомилените и воопшто најчитаните книги во велика Британија. Целата таа кампања е наречена The Big Read и опфаќа емисии на кои се презентираат книги и кои се емитуваат од 18 Октомври до 13 Декември 2003. За целиот тој период се врши и гласање и тоа преку телефон, WEB и SMS.
По средувањето на резултатите се добива и официјалниот Британски топ 200 на најчитани книги. Првите 21 позиции од листата се следниве:

1. The Lord of the Rings, JRR Tolkien
2. Pride and Prejudice, Jane Austen
3. His Dark Materials, Philip Pullman
4. The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy, Douglas Adams
5. Harry Potter and the Goblet of Fire, JK Rowling
6. To Kill a Mockingbird, Harper Lee
7. Winnie the Pooh, AA Milne
8. Nineteen Eighty-Four, George Orwell
9. The Lion, the Witch and the Wardrobe, CS Lewis
10. Jane Eyre, Charlotte Brontë
11. Catch-22, Joseph Heller
12. Wuthering Heights, Emily Brontë
13. Birdsong, Sebastian Faulks
14. Rebecca, Daphne du Maurier
15. The Catcher in the Rye, JD Salinger
16. The Wind in the Willows, Kenneth Grahame
17. Great Expectations, Charles Dickens
18. Little Women, Louisa May Alcott
19. Captain Corelli’s Mandolin, Louis de Bernieres
20. War and Peace, Leo Tolstoy
21. Gone with the Wind, Margaret Mitchell

Не навлегувам во тоа дали со заслуга или не сите се нашле таму и зашто некои што заслужуваат не се таму, всушност, што знам па јас! Поентата е самата иницијатива за промоција на читањето. Замислете, некој ви рекламира дека треба да читате. Не одредена книга, не од одредена издавачка куќа но ви го промовира самиот процес на читање. На прв поглед чудно но во денешно време сосема потребно. И не е само The Big Read, тука се и многу фондации и организации во UK со иста и единствена цел, да го натераат населението да чита. Такви се на пример BookTrust, The national Reading Campaign, The Reading Agency и многу други.

Се чудам колку ли луѓето читаат во Македонија?! Малку? Едно од мерилата ми е фактот што кога ќе седнам да читам во автобус сите ме гледаат како да сум излегол од патувачки циркус на изроди! Зарем се застанува со дневни весници и неделници и месечници?! Зарем читањето остана навика само на оние на кои им е професија и кои мораат да го праваат тоа. А најчесто на тие луѓе тоа им е професија затоа што не ги примиле на друг факултет(чест на исклучоците)! Зарем од толку различни изданија на дневните вести на ТВ и од толку посрани трач-блогови повеќе нема време за читање?!

А и што да се чита?! Литературата на македонски е нула! Американска белетристика, светски бестселери што зе забораваат за саат по крајот, шунд и се се сведува горе-доле на тоа. Исклучоци ми се Темплум, Слово, Култура што нудат квалитет и тоа по ОК цена! Табернакул и ТРИ знаат да издадат некој супер наслов и ОП ќе видиш цена +800 денари а книгата со картонски корици и рециклирана хартија. За квалитетот на преводите не ни навлегувам. Плус, (колку некој и да ги мрази) некои наслови што се сметаат за класици повеќе не се печатат, можат да се најдат само по библиотеки и тоа во полураспаднато издание. Епа од пост-модерна не се почнува!!

Значи, под долната црта за сума, додека западните земји даваат разно-разни иницјативи за поттик на читањето во Македонија штама. И некој да те боцне, да те натера, речиси и нема што да читаш.

За крај, резултатот од Das große Lesen во Германија:

  1. The Lord of the Rings by J. R. R. Tolkien
  2. Bible
  3. The Pillars of the Earth by Ken Follett
  4. Perfume by Patrick Süskind
  5. The Little Prince by Antoine de Saint-Exupéry
  6. Buddenbrooks by Thomas Mann
  7. The Physician by Noah Gordon
  8. The Alchemist by Paulo Coelho
  9. Harry Potter and the Philosopher’s Stone by J. K. Rowling
  10. Pope Joan by Donna Cross
  11. Inkheart by Cornelia Funke
  12. Cross Stitch/Outlander by Diana Gabaldon
  13. The House of the Spirits by Isabel Allende
  14. The Reader by Bernhard Schlink
  15. Faust by Johann Wolfgang von Goethe
  16. The Shadow of the Wind by Carlos Ruiz Zafón
  17. Pride and Prejudice by Jane Austen
  18. The Name of the Rose by Umberto Eco
  19. Angels and Demons by Dan Brown
  20. Effie Briest by Theodor Fontane
  21. Harry Potter and the Order of the Phoenix by J. K. Rowling

Разликите од британскиот топ 21 ми се накако, баш пријатни 🙂

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: