Home > Uncategorized > Who’s Next? by The Who

Who’s Next? by The Who

По инспирација од 14та епизода на House M.D. од прва сезона, по инспирација од најавната шпица на CSI Miami и по инспирација од преработката на Behind blue eyes од она што некогаш беше добар бенд Limp Bizkit, морав да го преслушам албумов! Не се покајав ни за секунда! Најдобриот албум од 1971, еден од најдобрите рок албуми на сите времиња со една од нај…хххммм…чудно-убавите обвивки, албумов заслужува внимание пред кој било друг!

Не сосема типичен хард-рок албум, Who’s next изобилува со арт елементи, виолини, акустични гитари, синтисајзерски и гитарски солоа. Токму големиот степен на присутност на синтисајзерот го прават да отскокнува малку од своето време кога синтетичките ритмови, иако веќе присутни неколку години, сеуште во музиката биле користени на експериментално ниво. За среќа, членовите на The Who имале доволно верба во својата визија за да не подлегнат под општите музички норми и го создале ова музичко ремек-дело. Во песните има и гнев, и лутина и бес но и многу интроспективни и мирни моменти кои, пред се, кулминираат во легендарната Behind Blue Eyes.

Само како мал статистички податок, број 13 на all-time-best листата според VH,1 број 28 според Rolling Stone Magazine, број 3 на листата на најдобри класични рок албуми според Guitar World. И повеќе од доволни причини да го побарате и преслушате!

Ако некој сака да прочита покритички осврт: All Music Guidе и Rolling Stone.

За Baba O’Riley

Baba O’riley е воведната песна од албумот и wow каков само почеток е тоа! Во оригиналната изведба воведното пијано соло го свири Nicky Hopkins, подоцна во песната виолина солото е на Dave Arbus.

Името на песната е кованица од музичките и духовни инспирации на Townshend. Првиот дел е од духовниот гуру на Townshend, Meher Baba, а вториот дел, од пијанистот Terry O’Riley, претставник на минималистичката школа, на кој Townshend му се восхитувал.

Заедно со Stairway to heaven на Led Zeppelin, Free Bird на Lynyrd Skynyrd и Bohemian Rhapsody на Queen се вбројува во најдобрите хард-рок песни во историјата.

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: