Си ветив дека нема да пишувам за филмови но пусто срце не издржа.
Во периодов кога целото време го јадат факс(fucked) обврски за голема
жал не останува многу време за книги. Па затоа мора да се импровизира,
мора да се добие дневна доза на просветление а при тоа да не се загуби
премногу време. Тука филмот како форма на уметност доаѓа како кец
на десетка. Двочасовен интелектуален ап …..upper, downer…..се исто.
Книги ќе има и понатаму но поретко. Музика и албуми стандардно ќе
се појавуваат приближно еднаш неделно.

Филмов е како огромен ваљак на некои час и половина растојание од тебе. Го гледаш како доаѓа, бавно, полека но сосема сигурно. Сосема добро знаеш што ке се случи кога конечно ќе дојде до тебе но некако немаш желба да се поместиш. И тогаш……шљас! Смачкано лице на асвалтот за кое неможеш да познаеш дали плаче или се смее. Ова е еден од многуте филмови во кои главна тема е се. Животот како целина….целовита кашканица од помали кашканици. Само од време на време, интермецо, кога режисерот ќе се умори од правење
на закашкани сцени.

Глумата е феноменална, фотографијата исто така. Користи, во последно се поприсатно во филмовите, враќање наназад и плетење на различни временски нишки. Но сето тоа е убаво и интересно направено. Успева да избега од шаблонот на шаблонот. Завршува со исто темпо со кое започнува, но тоа навистина не ги прави ваљаците помалку смртоносни. Зашто ли би го направло филмот помалку убав?

Мала напомена, не го гледајте филмов ако мислите дека се е убаво и дека се ќе биде во ред со животот, има голема шанса да се разочарате. Во спротивно, задолжително погледајте го, можно е во него да ја најдете причината поради која сите кажуваат дека животот е убав.

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: