Home > Uncategorized > Everyone just pretend to be normal !!

Everyone just pretend to be normal !!

Little Miss Sunshine е тип на филм што некако се почесто излегува од американската филмска кујна. Типично американски но некако со доза на евроепеизација, малку додаден шмек од друата страна на океанот. Им текнало дека филмовите можат и поента да имаат 🙂 Музиката дури на моменти ме потсетуваше на Амелија Пулен. Kога би требало на англиски да го опишам филмов би рекол: A quirky road trip of an even quirkier, dysfunctional family on the verge of a breakdown. Или во подолгата (на македонски) варијанта: ова е филм за различни животни соништа, за прекршени ветувања, за неуспеси и падови, за неисполнувањето на нормите и справувањето со сето тоа. Филм за пропаднати судбини, погрешно избрани патишта и прекршен еден тон на сообраќајни правила. Што се случува доколку целта ја поставиме превисоко, што кога ќе паднеме, како и дали воопшто да стануваме, има ли потреба да се стремиме кон напред или ….. којзнае што!

Палетата на ликови е повеќе од разнолика. Пропаднат автор на “9 steps to success” книга, педер со самоубиствени тенденции, дедо попален наркос, син заколнат на молчење, ќерката со подпросечен изглед што сака да стане мис САД, мајката која мора сето тоа да го истрпи! Сето ова звучи навистина американско, до некаде и типично за ‘колажните’ филмови што се повеќе ги има но сепак е навистина убаво и пријатно. Ликовите се така направени за да ти се допаднат, да неможеш да избереш некого што би мразел. Дури ни она хипи жолто комбенце што го мразев дури како мал ми седеше паркирано во двор сега ми изгледаше симпатично (Сепак, тоа јас што го имав беше плаво, стари и грдо. Ова сепак беше жолто и финко. За цело време дури го гледав, во глава ми се вртеше “…we all live in the yellow submarine…” ). Одвратната професорка од Donnie Darko и тука има одвратна улога ама како да е сосема нормално тоа за неа па не и ни замерив многу 🙂 Чуден е филмов бидејќи прави на некој начин да сочуствуваш и со најдебилните моменти во него. Покажува на најубав можен начин дека и не е важно дали животот е на туркање, се дур на крајот пали….. се е добро!

Добитник е на награда од публика на Интернацоналниот Фестивал Сан Себастијан и на иста таква награда од Стокхолмскиот Филмски Фестивал. Има добиено уште една награда и 12 други номинации.

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: