Home > Uncategorized > Дали The Departed вреди за Oscar?!

Дали The Departed вреди за Oscar?!

The Departed е несомнено еден од најдобрите филмови од минатата година и еден од подобрите последнава деценија. По ѓаволите, според imdb.com филмов е 77ми на сите времиња, со тенденција на искачување. Режијата е на Martin Scorsese, сценариото на Siu Fai Mak и глумечка екипа од која буквално боли глава: Leonardo Di Caprio, Matt Damon, Jack Nicholson, Mark Wahlberg, Martin Sheen се имиња кои зборуваат сами за себе!

Е ако забележавте сценаристот е јапанец! Чудно нели?! Особено што некако Scorsese се наметнува како режисер на типично американски приказни! Е тука има голема отстапка. The Departed не е оригинална американска приказна, приспособена е т.е. преработена. И мене ми беше ептен чудно ама да, The Departed всушност е преработка на јапонскиот филм од 2002 Infernal Affairs (Mou Gaan Dou), филм што исто така котира прилично добро на imdb.com (239то место). Но за сега тоа на страна….

The Departed има две феноменално силни страни. Глумата и атмосферата.

Leonardo Di Caprio е се подобар и подобар и се покажува како еден од најдобрите глумци под 35 години во моментов. После филмските успеси што ги нареди минативе би помислиле дека ќе се умори и дека ќе забави и со темпото на продукција на филмови и уште повеќе, би помислиле дека нема шанси постојано да е толку добар. Напротив, тој прави се повеќе филмови и во нив е се подобар и се подобар, постојано на една нагорна скала на подобрување. Некако се чини дека како глумец е целосно созреан и дека веќе на 35 години би можел да изглуми ама баш се што би му било понудено и дека тоа ќе го направи подобро од кој било друг на ‘пазарот’!

Matt Damon is back too! После неколку сосема позерски филмови како Oceans серијалот и Grimm Brothers кој беше забавен но и ништо повеќе Damon се враќа со едно големо bang! Тој е толку добар во улогата на расипаниот детектив што едноставно неможете а да не го мразите! Едноставно е феноменален! Можеби подобар и од The Talented Mr. Ripley!

Како можеа само Wahlberg да го номинираат за оскар за споредна улога а да го испуштат Jack Nicholson?! Мислам, Wahlberg беше ОК ама и не можеше да не биде ОК кога се појавува во се на се 15 минути од филм кој трае 2 а ипол саати! A Jack Nicholson беше навистина capo di tutti capi иако не на италијанска него на ирска мафија. Абе глуми добро до степен да ти е стварно страв од него! Самиот негов настап создава атмосфера на тензичност и некое смртно исчекување, што ли ќе направи будалава сега?! Дефинитивно заслужи оскар за оваа улога. А замисли, еден од најомразените глумци ми е!!

И со една ваква добра глума снабдена од тројцава погоре и сите останати, атмосферата беше супер! Напната неизвесна, се соживувате и со ликовите и со ситуациите. Едноставно се чуствувате како во нивна кожа, сваќате како е да си овца во дувло на волци. Ама потеницајлно многу опасна овца :)) На сето тоа надоплнува и еден од подобрите саундтраци во последно време и тоа многу умешно проткаен низ целата приказна.

Што се однесува до режијата, апсолутно е на нивото на Scorsese. Би било срамота од еден режисер од негов ранг да се добие нешто помалку т.е. полошо.

Значи, како крајна оценка, филмот е феноменален. НО….не е за оскар! Можеби престрого но ете не е! Прво, преработка е, второ од режисерска гледна точка е солиден но не и феноменален револуционерен или досега невиден! Имало мнооогу филмови до сега со ептен подобра режија па сепак не добивале оскар. Плус, приказната е веќе видена, раскажувана, прераскажувана! Ако на некое поле би заслужил оскар тоа е Editing номинацијата. За глума исто така, но заа жал никој од ‘правите’ не е номиниран. Америчка работа…..

P.S.

Добро….може сум престрог…може и вреди. Незнам… Гледајте па одлучете!

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: