Home > Uncategorized > Читајќи ја "Синобрадиот" – прв дел

Читајќи ја "Синобрадиот" – прв дел


Долго време неможев да ја класифицирам книгава жанровски или како и да е. Правев неколку лаички обиди ама се не ми успеваа. Некаде пред крајот на неа ми се чини дека најмногу е комедија, црна и тоа! Сатиричен и неверојатно саркастичен поглед на работите што ни ги сервира животот. После, книгава може да се каже дека е биографија, но сепак божемна, а е и еден вид дневник! Уште поедноставно, Синобрадиот е збир погледни на обичните работи во животот од малку понеобичен агол.

Вонегат е неверојатно лесно читлив. Не се задржува предолго на еден настан или на едно единствено размислување. Секогаш ќе го прекине нешто што, ете во тој момент, му се нашло поинтресно за пишување, но останува прецизен и концизен. Големата слика постепено си се гради и не е нејасна. Таква е можеби во неговите други дела. Како што прочитав ова му е еден од ретките романи без примеси на научна фантастика! Овој роман има наместо тоа примеси на чудни ерменски имиња, осаменост и горчина. Којзнае, до крајот работите може ќе се сменат. Ова прв пат размислувам за книга пред уствари да ја завршам…….

Главниот лик, Карабекјан, што всушност е ерменски бегалец во САД во своето последно доба од животот има навистина чудни погледи на нештата. Тука се гледа сличноста помеѓу Вонегат и него! Како авторот да си го пресликал својот карактер на главниот лик. Еве некои од размислувањата:

За просчно интелегентните:

Просечно надарената личност мора својата надареност да си ја затвори во шише, додека, да се изразам така, не се напие на некоја свадба и не почне да степува, како Фред Астер или Џинџер Роџерс. Имаме и име за таквите. Ги викаме “егзибиционисти”.
Како ги наградуваме таквите егзибиционисти? Им велиме следното утро: “Како беше начукан, или начукана, синоќа!”

За ЊуЈорк Тајмс:

А погодиете што прочитав уште во ЊуЈорк Тајмс ова утро!? Генетичарите имаат непобитни докази дека мажите и жените некогаш биле различни раси – мажите еволуиралево Азија, а жените во Африка. Тоа што кога се сретнале се вкрстиле е чиста случајност.
Клиторисот, продолжува умувањето во весникот, е последен остаток на распаднатиот орган на освоената, поробена, тривијализирана најнакрај ослабена раса на послабите, што не значи и поглупави, антропоиди!
Си ја откажувам претплатата!

За универзумот:

…универзумот почнал кога една јагода од пет килограми експлодирала седум минути по полноќ пред три трилиони години!

За македонците:

Застанавме да посматраме една тепачка меѓу двајца белци пред еден бар во Третата авенија. Блаботеа на некој јазик кој не го разбиравме. Можеби беа Македонци или Баски или фризијски островјани или нешто слично

ц ц ц од секогаш сме правеле само проблеми!!

Advertisements
Categories: Uncategorized
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: