Home > Литература, Романи > Омилената Игра од Леонард Коен

Омилената Игра од Леонард Коен

3164TBPK5VL._SS500_

За авторот:

Леонард Коен е канадски пеач, текстописец, музичар поет и новелист. Коен ја објавил својата прва збирка поезија во Монтреал во 1956 и неговата прва новела во 1963. Во неговите дела најчесто се задржува на прашања во врска со религијата, изолацијата, сексуалноста како и воопшто на комплексните меѓучовечки односи. Неговиот удел во светот на музиката е несомнен и неоспорен. Доказ за тоа е и неговот влегување во “Canadian Music Hall of Fame” и во “Canadian Songwriter Hall of Fame” но и на другата страна од границата во американскиот “Rock and Roll Hall of Fame”.

Омилената Игра (“The Favorite Game”) е првиот роман на Коен издаден во 1963.

Лични впечатоци:

Иако можеби и не е автобиографски роман јас во целост го доживеав како таков па Коен секогаш го земав за главниот лик (иако името на главниот лик е Лоренс Бривман). Како подршка кон тоа ми беше и фактот што е раскажана во прво лице и што животот на главниот лик во голема мера се поклопува со животот на Коен.

Коен во книгата зборува за првите денови од детство на Лоренс Бривман во Монтреал, за неговото созревање и неговото осознавање на животот со сите работи што доаѓат со тоа, љубов, смрт, секс, болка, радост, тага… Успешно ги пронаоѓа и посочува сите нешта што влијаат во создавањето на еден маж и воопшто во градувењето на една личност. Присуството (или одсуството како во овој случај) на родителите, другарите, жените а со нив и љубовта и сексот. Се задржува на прашања како носталгијата кон детството, што сонуваме како мали а што стануваме во иднина, минливоста на врските со пријателите и љубовниците, ограничувачката и воздигнувачката моќ на љубовта.

Ми се допадна што начинот на пишувањето на Коен созреваше како што се одвива дејството т.е. како што созреваше главниот лик. Се чинеше како начинот на кој се редат сликите и начинот на кој се пренесени размислувањата на главниот лик да соодветствуваат токму со неговата возраст. На самиот почеток, дур тој е сеуште дете, дејствието е некохерентно, повеќе како низ сон за да подцна како созрева главниот лик тоа да стане се позбиено, посериозно, со подлабоки рамислувања во поглед на некои општочовечки вредности.

Омилената Игра е дело многу пријатно за читање кое изобилува со убави моменти и прекрасни параграфи и поглавја од кои се гледа дека Коен во суштина е поет. Ми беше многу мерак да ја читам речиси месец дена и секој ден по малку да ја доживувам и конзумирам. Едноставно уживав во неа.

Од критиката:

“He is a writer of terrific energy and colour, a Rabelaisian comic and a visualiser of some memorable scenes.” The Observer (U.K.)

“It is the kind of book that becomes a law unto itself, simply because there is nothing with which to compare it.” Calgary Albertan

“Is there any Canadian novel as compelling and as good at capturing youthful anxieties as J. D. Salinger’s Catcher in the Rye? Absolutely….Leonard Cohen’s first novel, The Favourite Game.” Globe and Mail

Advertisements
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: