Skyline (2010)

Skyline

Публицитет: Skyline го дознав по лош глас. Насекаде по интернет, вклучително IMDB и Rotten Tomatoes, има катастрофално лоши критики. Плукале по него сите што стигнале. Ај тие профи критичарите него и обичната публика. До некаде публиката можам да ја разберам, најчесто чопоративно ја следи критиката, па во наплив на масивна хипноза сите даваат или позитивни или негативни критики. Од друга страна, американската публика што го сочинува најголемиот дел од гласачкото тело, не сака филмови во кои американците губат. И за професионалните критичари имам објаснување а тоа е дека се платени да дадат лоша критика! Еве и зошто! Студиото за специјални ефекти на браќата Strause најверојатно ќе влезат во судски спор со Sony бидејќи Sony во моментот на склучување на договорот за изработка на специјалните ефекти за нивниот Battle LA проект не биле известени дека Strause веќе работат на конкурентскиот Skyline! Не дека нема валкана игра и од браќава тука ама сепак изгледа дека Sony возвраќа десеткратно со тоа што ги има насскано сите можни критичари против Skyline и буквално го уништува филмот! Двојна добивка, ем е уништен конкурентскиот продукт ем е поплочен патот за новиот блокбастер филм од Sony World Invasion: Battle LA.

Skyline е далеку од перфектен sci-fi но е далеку, далеку подобар од она што го велат апсолутно сите критичари. Кон неговата вредност надополнуваат уште тоа што има релативно низок буџет! Потребни биле пола милион долари трошок за снимањето и проближно 10 милиони за специјалните ефекти! Кога сме кај нив, Skyline е можеби еден од најтешките филмови во тој поглед со 800 VFX кадри!

Екипа: Тука на критиката не може да и се забележи бидејќи кастингот и глумата се навистина очајни. Ова до некаде е оправдано со нискиот буџет но сепак сметам дека можеле барем малку да се потрудат при изборот на актери. Вака имаме глумци (Eric Balfour, David Zayas, Donald Faison, Brittany Daniel, Scottie Thompson итн) чиј сумарен талент не е ни половина од оној на некоја голема глумечка ѕвезда. Единствено можеби Scottie Thompson откскокнува од потпросечноста па како единствена од групата може и да добие некоја преодна оценка. Најлошото во сево ова што некако нема хемија помеѓу гледачот и ликовите или барем јас не успеав да доживеам такво нешто. Ниту еден од нив не ми беше симпатичен па ми беше сеедно кога беа требени еден по еден. Кога веќе барем малку почнав да сочуствувам веќе беше предоцна бидејќи филмот заврши.

Приказна: Ова е според мене најсилната а според критичарите најконтроверзната страна на Skyline. За таква ја сметаат приказната бидејќи велат е плагијат и микс од повеќе познати sci-fi филмови. Иако не се воопшто далеку од вистината, самиот факт што имаат одличен микс кој го збогатиле, обработиле и надградиле како краен продукт е вредно за пофалба. Off from the very beginning…

Дејствието се случува од перспектива на група млади луѓе во L.A. Oткако ќе се разбудат на сред ноќ после луда журка (потсетува на Cloverfield) откриваат дека над градот лебдат огромни сини топки од чудна светлина. Се покажува дека таа сина светлина е сијалицата а луѓето се комарците кои треба да ги привлече. После само неколку секунди поглед во светлината луѓето остануваат парализирани за да огромните вселенски бродови лесно ги вшмукаат кон нив. Да! Огромни бродови, налик на оние во Independence Day, кои во илјадници ги вовлекуваат луѓето во нив, нагоре кон небото. Со тоа сознание започува борбата за опстанок на главната група протагонисти криејќи се по становите на нивната зграда. Особено интересно станува кога во лов на преостанатите преживени ќе бидат пуштени различни други видови на вонземјани. За разлика од многу други филмови тука нема непотребни но спектакуларни уништувања на згради и објекти! Поради тоа, во рок од неколку часа од приказната L.A. е целосно испразнет но структурно недопрен, како некој огромен град на духови.

Што се однесува до вонземјаните тие се најубавиот дел. Сите се различни! Има тенкери, огромни суштества налик на Кинг Конг со истите тие сини светла од почетокот наместо очи! Потоа дронови и хидри, секој вид со свои специфики и намени во ловот на луѓе. Иако изгледаат како механизми сите вонземјани, па и огромните матични бродови се живи организми (“Farscape” anyone?) . Од тој факт доаѓа и објаснувањето зашто се дојдени во лов на луѓе, а тоа е бидејќи им е потребен туѓ ЦНС за да функционираат!! Поради тоа има повеќе сцени на обезглавување и вадење на черепен и рбетен мозок all in one! За жал има малку сцени на уништување на вонземјани едноставно бидејќи не се случува. Дојденците имаат способност за целосна регенерација што ги прави прилично мачни за убивање!

Иако читам на многу места дека постапките на главните ликови биле глупави и нелогични, мене од почеток до крај ми се сосема издржани и со покритие. Дури постапките тука ми се многу пологични од многу други филмови од жанрот. Сите тие постапки водат до крај кој истовремено е и очекуван но и целосно изненадувачки. Во него е и новината што ја носи Skyline иако ако некој сака да претера може ќе каже дека идеата им е украдена од Avatar . Финално, иако крајот сосема ја заопкружува приказната и дејствијата, остава место за продолжение на кое наводно браќата веќе работат.

Се на се: Апсолутно го препорачувам на sci-fi љубители и гејмери! Точно е дека претставува микс на веќе видени работи, исфилувани со извонредни ефекти и пропрскани со некоја новинка, но сепак е далеку подобар филм од она што критичарите го кажуват за него! За нивни инаeт:

Оценка: 7/10

Advertisements
  1. No comments yet.
  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: