Home > Акции, Трилери, Филмови > Unstoppable (2010)

Unstoppable (2010)


Година: 2010
Режија: Tony Scott
Сценарио: Mark Bomback

Екипа: Никој не би можел да се жали за недостатоци во овој аспект на филмот! Дури и во најлоша форма Denzel Washington може да поткрене филм на едно скалило повисоко. Иако ова е далеку од негова најдобра улога сепак е солиден и го пружа токму тоа што се бара од ликот што го игра! Chris Pine верувам е ставен во филмов колку-толку да привлече женска публика. Кого и да ставеле на негово место би изиграл добро пред се затоа што и нема којзнае што за глумење. Може да се каже дека глумците се некако споредната работа во целиов филм иако на моменти добро придонесуваат. Главното е самата приказна за која режисерот и сценаристот се имаат погрижено да е супер возбудлива, неизвесна и интересна од почеток до крај!

Приказна: Животот пишува романи! Е во овој случај, животот пишува сценарио! Unstoppable е сниман по вистинска приказна која како што ми се чини е многу малку изадаптирана за филмскиот екран! Се почнува кога на еден паркинг за возови, на машиновозачот успева да му избега цела композиција од вагони и тоа под полна гас! Да бидат работите уште полоши, дел од вагоните во себе носат високо запалливо и токсично средство. За кратко време сите сфаќаат дека немаат избеган воз но избегана ракета која се очекува да експлодира секој момент. Во борбата да се сопре возот директно се вмешуваат двајцата главни протагонисти (играни од Washington и Pine) инаку најобични возачи на локомотива! Можеби почетокот на приказнава звучи малку банално но едноставно така е, тоа се случило и во вистинскиот настан!

Се на се: Одличен, возбудлив трилер кој нема да забележите кога ќе помине од почеток до крај! На целата акција посебна тежина дава фактот што се ова се има и реално случено! Љубителите на жанрот никако не смеат да го пропуштат филмов!

Оценка: 7/10

Advertisements
  1. MiMa
    January 31, 2011 at 12:07 pm

    Да, возбудлив е зборот!:) Иако, ми се чини, Дензел помалку изгубил од сјајот…ама тоа изгледа си оди со годините…во секој случај, фино за гледање.

    • February 5, 2011 at 1:44 pm

      Почудно е што дедовци од типот на Сталоне мислат дека уште го имаат сјајот. 🙂 Ова кај Дензел ми е некако природен процес што секако не е лоша работа.

  1. No trackbacks yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: