Archive

Archive for the ‘За идно читање’ Category

The Seducer’s Diary of Imaginary Beings

December 19, 2010 Leave a comment

Најслатка мака е онаа кога не знаеш да се одлучиш што да читаш. Уште поинтересно станува кога имаш голем избор па прелистуваш де од една книга де од друга. Иако стварно имам голем избор еве само две за кои се мислев да им ја тргнам прашината од полица:

1. The Book of Imaginary Beings by Jorge Luis Borges

Насловната од илустрираната едиција што за жал не е мојата. Онаа што јас ја имам, не успеав да ја најдам на нет. 😦

Few will want, or be able, to resist this
modern bestiary. Here you will find the familiar –
Gryphons, Minotaurs and Unicorns – as well as the
Monkey of the Inkpot and other undeniably curious
beasts. Borges’ cunning and humorous commentary
is sheer delight

Напишана во 1957 под оригиналниот наслов Manual de zoología fantástica, проширувана е во 1967 и 1969 до ова последна верзија. Во неа содржи описи на 200 суштества од разни митологии и народни верувања. Според Borges не треба да се чита од почеток до крај но селективно, скокајќи од еден опис на друг, сосема по желба.

2. The Seducer’s Diary by Søren Kierkegaard

 

Дел од "Great Loves" едицијата на Penguin

Johannes is an aesthete, dedicated to creating the possibility
of seduction through the careful manipulation
of young women. He stealthily pursues the innocent
Cordelia until she becomes increasingly drawn to him.
But when she is ready to give herself completely, she
realizes she may have got everything wrong.

Книгава ја купив во Икона по сосема ненамерно. Ми се допадна премисата и ја земав иако не знаев апсолутно ништо за писателот, за голема срамота. Испадна дека Kierkegaard е прочуен дански философ и теолог кој се смета за татко на егзистенцијализмот. Тој од една страна бил голем противник на философијата на Хегел а од друга, бил под влијание на философијата на Кант. Како таков, човек што се става во ист философски кош со Ниче и Сартр и кој што со своите бројни дела ги надминува границите на различни философски гледишта и размислувања, Kirkegaard треба дополнително да се истражи. Сето ова ветува дека The Seducer’s Diary треба да биде едно одлично дело што во најмала мера ќе поттикне на размислување.

Но…колку и да изгледаат интерсни, за жал, и двете ќе мораат да причекаат. Веќе пишував за Magnetism од F. Scott Fitzgerald а и прочитав еден расказ од неа па би било редно да ја дочитам. Порано или подоцна, и на овие две ќе им дојде редот.

Advertisements

Две нови книги

September 11, 2010 1 comment

Откако заглавив неколку месеци на The Mysterious Flame of Queen Loana морав да испаузирам на некој начин. А нема подобар начин отколку кратка книгичка што ќе се прочита на едно или две седнувања. Икона пак се офајди од мене, овојпат со две книги.

Penguin Great Loves Magnetism
Првата е Magnetism од F. Scott Fitzgerald. Дел е од Great Loves едицијата на Penguin која содржи 20 книги. Penguin сајтот за едицијава вели “.. Great Loves is a tribute to the power of love in all its guises, romantic and passionate, deviant and doomed.”. За среќа најголемиот дел од 20те книги можат да се најдат во Икона.

Последниот свет
Втората е Последниот Свет од Кристоф Рансмаер во издание на Или-Или. Првата причина поради која што ја земав е тоа што Или-Или знаат да направат добар избор. Втората е фактот што има добиено доста добри критики меѓу кои и онаа од Салман Ружди. За Рансмаер прв пат слушам но судејќи по тоа колку награди има собрано за негова возраст (роден е 1954та) не може да не е солиден во најмала мера.

Сега се што останува е да се одвои време за читање.