Archive

Archive for the ‘Комедии’ Category

The Green Hornet (2011)

March 20, 2011 Leave a comment

Ретко се откажувам филм. Колку и да е лош му давам шанса до крај да се искупи за сите претходни глупости. Е за овој не успеав, не му дозволив! Издржав едно полувреме и мислам и тоа му беше доволно, дури и премногу! Комбинацијата од се то што го видов во тие 45 минути е рецепт за производство на повраќаници а секако не за акциона комедија!

Приказната, сосема објективно, е идиотска до крајна мера. Кога на Britt Reid (Seth Rogen) ќе му почине таткото ултра-милионер од досада се решава да стане супер херој. Не за друго туку затоа што во неговиот моронски живот никогаш ништо не направил освен тоа што ги трошел парите на татко му. Во тој негов потфат ќе му помогне Kato кој е поранешниот автомеханичар и бариста на неговиот татко! Покрај тоа што е вешт со автомобили и кафе тој има и натприродна моќ и боречки вештини, знае да произведува и дизјанира оружја, одличен шофер е и може да произведе 4 автомобили во рок од неколку недели. Мислам дека го најдовме азискиот Chcuk Norris! И така тие двајца рака под рака тргнуваат против најголемиот криминалец во градот – Benjamin Chudnofsky игран од Christoph Waltz. Главна женска улога е Cameron Diaz. По мое мислење ова е мизерно лош кастинг.

Најголемиот идиотизам во филмов е Seth Rogen. Не ми е јасно зашто Холивуд толку упорно го турка овој човек кој нема грам глумечки талент. Во сите негови улоги е сосема истиот! Мрзлив, глуп џанак и ништо повеќе од тоа. Ќе беше супер да му е тоа глума, ама не му е! Он навистина е мрзлив глуп џанак! Сите ликови што ги глуми воопшто и не се разликуваат од тоа кој вистински е Seth Rogen. Затоа и не ми е јасна неговата популарност. Едвај чекам да дојде денот кога ќе му истече рокот.

Друга работа што се наметнува во врска со филмов е одличниот рејтинг на IMDB од 6.4. Или критериумите на оние што гласаат таму се паднати страшно ниско, или филмов имал спектакуларно добар крај. Чисто се сомневам во ова второво. Друга варијанта е дека до некаде се работи за стара слава. Green Hornet е лик кој постои веќе долги години. Започнува како радио лик во 1936 година за да после се прослави и во стрип и на ТВ. Идеата за долгометражен холивудски филм за прв пат е ставена во сила во 1990тите. Кога ќе се земе во предвид речиси 20 годишниот продукциски пекол низ кој што има поминато филмов, екипата може да биде презадоволна со оваа оценка од гледачите.

Мизерно лоша преработка од страна на одвратниод Seth Rogen не може да добие ништо повеќе од 3/10.

...или сепак требаше 2/10?

 

Advertisements

Red (2010)

October 24, 2010 Leave a comment

red poster

Година: 2010
Режија: Robert Schwentke
Сценарио: Jon HoeberErich Hoeber (работено според истоимениот стрип на Warren Ellis и Cully Hamner )

Приказна: Кога пензионираниот агент на тајните служби Frank Moses (Bruce Willis) ќе ја запозне Sarah Ross (Mary-Louise Parker) помеѓу нив ќе почнат да летаат сосема други искри покрај љубовните. Уште на самиот почеток на филмот некој се обидува да го убие па тој ќе биде принуден да го брани својот и животот на Sarah која сосема случајно ќе се најде втурната во цела таа мешаница. Во сето тоа на Frank му помагаат тројца колеги од старите денови Joe (Morgan Freeman), Marvin (John Malkovich) и Victoria (Helen Mirren). На спротивната страна, одговорен за нивна ликвидација стои агентот Cooper (Karl Urban). Филмот изобилува со акција од почеток до крај зачинета со доста смешни моменти. Приказната како ваква и не е којзнае што но надополнета со интересните ликови и одличната глума прави филмов да е право уживање.

Екипа: Од време на време Холивуд знае да направи полн погодок во изборот на главните и споредни улоги. Red е токму тој случај. Сите се одбрани на место, интересни и одлично глумат. Willis е како создаден за ваков филм, акционен херој со шармантна насмевка, кој лесно се трансформира од смешен во смртоносен. Споредните ликови на Malkovich и Helen се исто така одлични. Malkovich е праноичен лудак, за што и нема потреба многу да се труди да го изглуми. До него, Miren е смртоносната дама во години што исто така одговара на нејзиниот карактер како глумица…. барем “дама” делот. 🙂 И на крај но секако не последна, Mary-Louise Parker одлично се снаоѓа во оваа група од стари волци. Секси, смешна и, како што ја знаеме од Weeds, најчесто без поим што точно се случува….. целосно изгубена во мешаницата околу неа. Сето тоа на многу сладок начин. 😉

Се на се: Red е филм кој несмее да се пропушти. Не дека е некое откровение или дека нуди нешто до сега невидено, туку строго поради забавниот фактор, акцијата и одличните актери и актерки што на екранизираната приказна и даваат свој шарм. Доколку се погледне во рамките на својот жанр, романтично-комична акција, овој филм заслужува чиста 9ка…. не е 10ка затоа што колку и да има акција, никогаш не е доволно 😀

Оценка: 9/10

Death at a Funeral

August 31, 2008 Leave a comment
death-at-a-funeral-big.jpg
Одлична црна комедија од режисерот Frank Oz (Bowfinger, The Score, Stephord Wives). Кога целото семејство ќе се собере на погреб на нивниот роднина настанува хаос. Се откриваат тајните и сите си ги покажуваат вистинските лица. Свадби и погреби стварно отвараат повеќе од што било. И наеднаш валканите алишта се на виделина. И тоа на најсмешен можен начин.
На моменти ме многу потсетува на Only Fools and Horses, веројатно поради во голема мера присутниот англиски хумор. Но ова е некој современ англиски хумор. Педери, наркомани, разни глупости…овој жена немал, имал, пак ја оставил…. ко целата приказна да излегла од текст на Суперхикс. Прилично оригинално во споредба со останатите холивудски глупости, интересни ликови, смешни дијлози, луди сцени… Еве една од моите омилени:

death-at-a-funeral-2.jpg

Филмов мора да се погледне, особено ако сте љубител на малку попаметен црн хумор.

Dr. Strangelove

January 10, 2007 Leave a comment


Под режисерската палка на Kubrick би било глупаво да се очекува било што друго освен брилијантен филм. Овој филм воопшто не е исклучок на правилото. Лесно може да се каже дека ова сигурно е еден од најдобрите црно-бели фимови. Голем број луѓе би рекле дека е и воопшо еден од најдобрите филмови на сите времиња. Малку е тешко да се гледа сега, во денешно време кога технологијата на филмот е светлосни години понапред од 1964 но доколку се исклучи целиот тој технолошки сегмент од оценката ова е еден навистина солиден филм. Можеби не до толку солиден да стигне на место 19 на топ 250 листата на филмови на сите времиња на imdb.com но сепак сосема солиден.

Сценариото е прилагодено од новелата “Red Alert” од авторот Peter George, кој заедно со Kubrick ја пишува адаптацијата. Во главна улога е Peter Sellers (единствен попознат) кој што е едноставно феноменален. Начинот на кој што ја предава улогата, жарот со кој што го прави тоа и пред се различноста на ликовите што ги глуми во филмот прави секој ‘модерен’ глумец да му позавиди. Во тоа време сосема непознат и во сосема мала (но важна) улога се наоѓа и James Earl Jones кој денес е еден од најславните црни актери во САД.

Приказната е можеби најсилниот адут на овој филм. Иако главна нејзина тема е студената војна, пораката што ја нуди сосема успева да добие една вонвременска димензија и една општочовечка нота. Таа е една сатирична шлаканица за човештвото воопшто. За опасната непромисленост на Русија за слепата ароганција на САД. Со помош токму на својата приказна овој филм претставува антикампања против и најситниот Хитлер што живее во секој од нас. (Забележете ја раката на Dr. Strangelove на постерот!)

Ова би биле само грам од сите причини за да се погледне филмов.

TV Guide: The film is a model of barely controlled hysteria in which the absurdity of hypermasculine Cold War posturing becomes devastatingly funny–and at the same time nightmarishly frightening in its accuracy. 

Chicago Sun – Times: Seen after 30 years, Dr. Strangelove seems remarkably fresh and undated – a clear-eyed, irreverant, dangerous satire. And its willingness to follow the situation to its logical conclusion – nuclear annihilation – has a purity that today’s lily-livered happy-ending technicians would probably find a way around.

Chicago Tribune: This landmark movie’s madcap humor and terrifying suspense remain undiminished by time. 

The New York Times: The ultimate touch of ghoulish humor is when we see the bomb actually going off, dropped on some point in Russia, and a jazzy sound track comes in with a cheerful melodic rendition of “We’ll Meet Again Some Sunny Day.” Somehow, to me, it isn’t funny. It is malefic and sick.

П.С.

Целото сценарио на филмов, секој кажан збор е напумпан со перфектен сарказам и е бисер сам за себе. Сепак, еден од моите најомилени цитати од филмов ми е:

“Gentlemen, you can’t fight in here! This is the War Room.” 

:))