Archive

Archive for the ‘Јапонија’ Category

Noroi: The Curse (2005)

December 9, 2010 Leave a comment

Noroi The Curse

Година: 2005
Режија: Kôji Shiraishi
Сценарио: Kôji Shiraishi

Ќе морам пак да избегам од стандардниот начин на претставување филмови од неколку причини. Најпрво бидејќи Noroi е далеку од типичен филм а потоа бидејќи во него нема апсолутно никој познат ниту значаен што вреди да се истакне. Да се анализира глумата на актерите исто така ми е без поента кога во овој случај тоа е најмалку важната работа.

Masafumi Kobayashi е долгогодишен истражувач на паранормални активности,случки и нерешени мистерии. Noroi е филм за неговиот последен документарец за демонот Kagutaba под име The Curse, после кој Kobayashi мистериозно исчезнува и никогаш повеќе не е виден. Noroi е приказ на документарецот со нарација која објаснува одредени случки пред и после снимањето на филмот. Самиот документарец е језива и потресна приказна за мистериозни настани што се слулуваат околу неколку навидум случајни личности.

Noroi во суштина не е исклучителен филм по ниеден критериум. Сепак, приказната на моменти е прилично вознемирувачка и, типично за јапонците, настрана и морбидна. Иако текот на нештата е поспор на почетокот, на крајот настаните експлодираат и кулминираат прилично неочекувано. Најстрашните моменти ми беа откако мислев дека веќе се е завршено. Особено e застрашувачки е доколку барем на момент поверувате дека ова е вистински документарец! Со оглед на тоа дека е сниман со аматерска камера, верувам дека тоа и нема да е многу тешко. Како дополнение на тој ефект на реалност (ама само за Јапонците) е што во филмов учествуваат познати ТВ фаци од Јапонија а и добар дел од снимките се направени како извадоци од јапонски ТВ шоуа и емисии.

Ако треба да изберам три причини поради кои би требало да се погледне е тоа што е вознемирувачки и морбиден, наликува на Paranormal Activity (а овој доста подоцна се појави и постигна огромен успех) и го има на YouTube во вкупно 11 дела па е прилично лесно достапен.

Оценка: 6,5/10

Advertisements

After Dark од Haruki Murakami

February 28, 2009 Leave a comment

 

afterdarkukmw4

After Dark е типична Murakami новела во која тој го истражува пространството на ноќта и начинот на кој границите на реалното и нереалното се претопуваат под превезот на темнината. Оттуѓеноста кај модерниот јапонец, но и воопшто кај кој било жител на нашиов модерен свет, е повторно главна тема. Одлично ја доловува ноќната атмосфера каде секој е оставен сам со себе! Во тој дел од денот се симнуваат маските наменети за светот и тогаш сите сме оние вистинските. Но тогаш испливуваат и вистинските проблеми на личноста и се соочуваме со себеси ма колку страшни и да сме си.

Дејствието се одвива во една ноќ и ги прати двата лика Takahashi и Mari кои талкајќи низ Токио се фокусираат на приказната за Eri, сесрата на Mari, која е потоната во долг неколкумесечен сон. Често приказната ги преминува границите на реалното, уште една типична одлика на новелите на Murakami исто како и сеприсутните референци кон познати џез мелодии на кои Murakami  е очигледно голем фан.

Иако ова е последна новела од Murakami, таа претставува одличен почеток за запознавање со неговиот книжевен опус бидејќи содржи во себе многу од неговите типични литературни белези.

New York Times за Murakami инспирирано од After Dark:

Should the aliens ever descend in their sleek ships and train their great scanners on our population centers, capturing our deeds and dreams for transmission back to cosmic headquarters, let’s hope they show us the patient tenderness of Haruki Murakami, the Japanese novelist, who himself is not wholly of this world. In a dozen books on our existence here — not in Japan or any special nation but as children of gravity, as earthlings — Murakami has done as good a job as any contemporary writer of pleading humanity’s poignant case before the court of whoever may be out there. Have mercy, oh interstellar lords. We’re lonesome and small and we know not what we do, only that we’re obliged by God or nature to bathe, dress, eat and keep on doing it.

Guardian за After Dark:

After Dark is perhaps the closest Murakami has yet come to composing a pure tone-poem. Aspects of his earlier styles – the dark, surreal farce of A Wild Sheep Chase, the mournful realism of Norwegian Wood, the supernatural yearning of Sputnik Sweetheart – here intermingle in a story that spells out less but evokes as much if not more. Exposition is set to the minimum, while the mood-colouring is virtuosic. Morning, at the end of the novel, is an extraordinary blend of the hesitant blossoming of romance and an ode to renewal. The novel could be an allegory of sleep, a phenomenology of time, or a cinematic metafiction. Whatever it is, its memory lingers.

Akira

February 24, 2007 Leave a comment

Доколку во своите филмови европјаните го прикажувале својот сензибилитет, амреиканците нивната моќ, богатство и желба за спектакл јапонците дефинитивно ја покажуваат својата настраност. Акира е токму таков филм, настран, луд и сосема поинаков од што и да било друго сервирано од холивудските студија. Претставува една тотална мешаница на футуризам, акција, и научна фантастика за да на крајот експлодира ширејќи се себеси во најодалечените агли од човековата (т.е. јапонска) настрана фантазија! Во филмов има буквално се, акција, мотори, брканици по улиците на Ново Токио, државни удари, полиција, политика, пукотници, експлозии, крв, утроби, ужас и една од најлудите с-ф приказни до сега. Можеби е анимација но е далеку од цртано семејно филмче!

tatsuo

Акира е направен 1988 но од е една од најдобрите анимации што досега ги имам гледано и ми се чини дека уште долго нема да видам ништо подобро (Spirited Away можеби)! Деталите со кои што е исцртана околината се феноменлни иако на самите ликови и не им се посветува големо внимание. Сепак тоа е разбирливо доколку се земе впредвид колку се јапонците про-тек настроени и нивниот очигледен недостаток на личен идентитет. Од анимациска гледна точка Акира е многу пред Ice Age, Shrek, Incredibles кои иако се прилично комплексни 3Д анимации далеку каскаат зад Акира! Со филмов всушност се покажува колку е моќна анимацијата како начин на филмска презентација! Овозможува до најситен детал да се претстават и најневозможните моменти од која и да е приказна. Иако нема живи ликови дури и на полето на психологија на ликовите е можно далеку да се дотурка со добро разработена приказна.

teddy

Акира не е само 124 минутна анимирана с-ф акција! Акира поставува голем број филозофски прашања вредни за внимание. Убаво ја разработува човековата природа и желбата за моќ што некогаш излегува од границите на она што е дозволено. Потоа тука е и прашањето за новите почетоци, за војната и и целосното уништување како прв чекор кон повторната изградба. Вреди тука да се спомнат уште многу работи. Од важноста на Акира во светот на анимацијата и воопшто во светот на филмот врз кој остава голем жанровски впечаток. Преку прекрасниот soundtrack што одлично се слева со секој момент и со секое случување од самиот филм. Особено се интересни неколкуте делови, секвенци, без каков и да е звук! Немо! А во позадина анимација од која застанува здивот! Ова западњациве би рекле: Beautiful film making!

akira1

Цитат по избор: “Ново Токио е како презрела овошка што полека почнува да паѓа. Но внатре има ново семе што треба да роди. Се што треба е да чекаме да дувне ветрот и овошката да ни падне во рацете. Да го чекаме ветрот што се вика Акира!”

 

Што кажуваат другите за Акира:

New Times (L.A.) : One of the few unanimously acclaimed classics of Japanese animation.

The New York Times: Violent as it is on the surface, Akira is tranquil at its core. The story’s sanest characters plead for the wise use of mankind’s frightening new powers, lending the whole film the feeling of a cautionary tale.

Washington Post: The most expensive animated feature ever made in Japan (over 1 billion yen) and it’s easily the most impressive, as well.

Village Voice: Some kind of fever-dream masterpiece, easily the most breathtaking and kinetic anime ever made and one of the most eloquent films about atomic afterclap.

Cyberpunk Review: Akira has terrific adult visuals and a great sound track. As a personal preference though, I wasn’t as thrilled with the later half of the movie. Some love it, I didn’t nearly as much. There seems to be a debate where people either love this or Ghost in the Shell (guess which one I love?). It almost seemed DragonballZ-like, but again, this is also personal preference. Regardless, Akira is a true giant of anime and should be considered required watching for anyone who wants to learn more about cyberpunk or anime.