Archive

Posts Tagged ‘акциони херои’

The Green Hornet (2011)

March 20, 2011 Leave a comment

Ретко се откажувам филм. Колку и да е лош му давам шанса до крај да се искупи за сите претходни глупости. Е за овој не успеав, не му дозволив! Издржав едно полувреме и мислам и тоа му беше доволно, дури и премногу! Комбинацијата од се то што го видов во тие 45 минути е рецепт за производство на повраќаници а секако не за акциона комедија!

Приказната, сосема објективно, е идиотска до крајна мера. Кога на Britt Reid (Seth Rogen) ќе му почине таткото ултра-милионер од досада се решава да стане супер херој. Не за друго туку затоа што во неговиот моронски живот никогаш ништо не направил освен тоа што ги трошел парите на татко му. Во тој негов потфат ќе му помогне Kato кој е поранешниот автомеханичар и бариста на неговиот татко! Покрај тоа што е вешт со автомобили и кафе тој има и натприродна моќ и боречки вештини, знае да произведува и дизјанира оружја, одличен шофер е и може да произведе 4 автомобили во рок од неколку недели. Мислам дека го најдовме азискиот Chcuk Norris! И така тие двајца рака под рака тргнуваат против најголемиот криминалец во градот – Benjamin Chudnofsky игран од Christoph Waltz. Главна женска улога е Cameron Diaz. По мое мислење ова е мизерно лош кастинг.

Најголемиот идиотизам во филмов е Seth Rogen. Не ми е јасно зашто Холивуд толку упорно го турка овој човек кој нема грам глумечки талент. Во сите негови улоги е сосема истиот! Мрзлив, глуп џанак и ништо повеќе од тоа. Ќе беше супер да му е тоа глума, ама не му е! Он навистина е мрзлив глуп џанак! Сите ликови што ги глуми воопшто и не се разликуваат од тоа кој вистински е Seth Rogen. Затоа и не ми е јасна неговата популарност. Едвај чекам да дојде денот кога ќе му истече рокот.

Друга работа што се наметнува во врска со филмов е одличниот рејтинг на IMDB од 6.4. Или критериумите на оние што гласаат таму се паднати страшно ниско, или филмов имал спектакуларно добар крај. Чисто се сомневам во ова второво. Друга варијанта е дека до некаде се работи за стара слава. Green Hornet е лик кој постои веќе долги години. Започнува како радио лик во 1936 година за да после се прослави и во стрип и на ТВ. Идеата за долгометражен холивудски филм за прв пат е ставена во сила во 1990тите. Кога ќе се земе во предвид речиси 20 годишниот продукциски пекол низ кој што има поминато филмов, екипата може да биде презадоволна со оваа оценка од гледачите.

Мизерно лоша преработка од страна на одвратниод Seth Rogen не може да добие ништо повеќе од 3/10.

...или сепак требаше 2/10?