Archive

Posts Tagged ‘акција’

Resident Evil: Afterlife

October 10, 2010 Leave a comment

resident-evil-afterlife-poster

Година: 2010
Режија: Paul W.S. Anderson
Сценарио: Paul W.S. Anderson

Приказна: Во потрага по Аркадиа, Алис (Milla Jovovich) стигнува во Алјаска каде не наоѓа ни трага од ветениот град. Си ја пронаоѓа само другарката (Ali Larter) од претходниот дел со која се упатува во Л.А. Таму со група преживеани сместени во поранешен затвор се обидуваат да се пробијат низ огромен обрач од зомбија за да конечно можат да дојдат до ветеното прибежиште. И како таква, приказната е една од појаките страни на филмов.

Екипа: Во суштина ништо ново и интересно. Тука се Milla и Ali од претходниот дел и остатокот е неважен. Единствен исклучок кој можно е да го гледаме и во некој од наредните делови е појавувањето на Wentworth Miller како Chris Redfield. За тие што не знаат, Miller е ѕвездата на Prison Break. Тука е и смешниот момент, неговиот лик во филмов е затвореник кој на другите им помага да се извлечат од затворот во кој се заглавени! Прилично евтин потег.

Се на се: Работа што најмногу ми пречеше во филмов е што добри 40% зафаќаат slow-mo моменти. На некои сцени, можев слободно да тркнам до кујна, да направам пуканки, да одам до продавница да земам за пиење, да се вратам и истата уште немаше да биде завршена. Тоа тотално ми ја уби динамиката на акционите сцени и ги направи скоро неупотребливи. Кога сме веќе кај акцијата, најдобрите елементи од Afterlife се чиста Matrix копија. Копирањето оди до тој степен што главниот негативец е ист agent Smith!! Кога на тоа ќе се додадат сите глупави претерувања, лоши ефекти, лоша камера, лоша глума и катастрофални creatures, Afterlife филм што мора да се пропушти.

Оценка: 5/10

Предатори (Predators)

October 6, 2010 Leave a comment

Година: 2010
Режија: Nimród Antal
Сценарио:  Alex Litvak и Michael Finch

Приказна: Осум луѓе се будат во сред воздух, врзани за падобрани. Откако лесно и брзо ќе се групираат доле на земја не им треба многу да сфатат дека тоа воопшто и не е Земја туку некоја друга планета а тие се дивеч што треба да биде уловен од група Предатори. Сите освен еден се со воена позадина, спцијални единици, јакуза, мафија и слично. Така да, од овој аспект, со иклучок на новата планета, се е по старо. Ама главната цел на филмов е исполнета и до некаде тоа е се што е важно.  Во целиот негов тек не недостасуваат акциони сцени потпомогнати од арсенал на разно разни оружја.

Екипа: Малку е чудно што главната роља паѓа за Adrien Brody. Не ми е ни одблиску акционен херој, ја нема ни градбата, ни физионимијата, ни изгледот на лице потребен да бидеш херој. Уште повеќе ми е чудно што него го избрале да биде своевиден наследник на Шварци од првиот дел. Од самата таа компарација можете да видите во која насока се упатени стандардите за tough guys. Ugh! Од останатите вредни за споменување се главниот женски лик Alice Braga и епизодната улога на mister-mexican-dirtbag Trejo. Врв на сите чудења од аспект на актери е фактот што Topher Grace (Eric Forman од That ’70s Show) има видна улога. Е кој сака нека ме убедува ама ова е грешка за луѓето од кастинг. Едноставно неможеш да ставиш глумец чија појава по автоматизам те тера да се смееш во акционен филм со предатори. Знам дека секогаш има потреба од comic relief character, ама сепак мислам дека Topher е грешка во случајов.

Се на се: Од сите филмови кои содржат “Predator” во насловот само оној првиот можеби е подобар. Кога ќе се земе предвид добрата акција, се занемаруваат кастинг грешките и филмов лесно ти доаѓа на памет кога треба нареден пат да предложиш акционен филм за гледање.

Оценка: 6.5/10