Archive

Posts Tagged ‘Alien’

Alien: Resurrection (1997)

October 27, 2010 Leave a comment

Година: 2010
Режија: Jean-Pierre Jeunet
Сценарио: Joss WhedonDan O’BannonRonald Shusett

Поради то што страшно многу ме испровоцира филмов, до некаде ќе застранам од вообичаеното образложување на филмови. Што и не би било којзнае колку страшно кога не би бил човек што сака шаблони и правила.

Приказна: 200 години по смртта на Ripley, наоѓаат начин да снимат ново порадолжение од Alien франшизата, па ја клонираат нашата добро позната хероина. Заедно со неа го клонираат и вонземјанинот. Дополнителна компликација е фактот што DNA материјалот им е значително смешан па едни од други си имаат превземено одредени карактеристики. И повторно се се случува на вселенски брод, и повторно бегаат од вонземјани и  повторно Ripley треба да го спасува денот.

Екипа: Sigourney WeaverWinona RyderRon PerlmanGary Dourdan итн. Кој од кој погрди и кој од кој полошo изглумија. Со оглед на тоа што сите нив ги имам гледано и во други, далеку подобри изданија, целата вина морам да ја препишам на сценаристот. Само тој е виновен за лошиот и неприроден дијалог. Тука се придодаваат и бројните глупави и изнудени шали на ликовите кои ради толку мавања по чело ми дадоа главоболка!!

alienresurrection

Gimme some sugar, baby!

Про: Добра музика која создава напната атмосфера и која е солидна од почеток до крај. На добрата атмосфера надополнува и самата сценографија која е детална, мрачна и одлично направена. Не знам колку е користено од старите сетапи, за претходните филмови, но доколку ова е правено специјално за четворката, направена е феноменална работа. Како трет и последен добар елемент во филмов се специјалните ефекти т.е. самите вонземјани кои од тој аспект изгледаат одлично.

Контра: Катастрофални редови и тотално неприродни дијалози. Две работи кои придонесуваат да нема апсолутно никаква хемија помеѓу самите ликови ниту пак помеѓу ликовите и публиката. А тоа само дел од многуте катастрофални грешки што  ги направиле луѓето кои ги креирале ликовите. Една од нив е што не понудиле, кај ниту еден од нив, каква и да е човечка особина поради кои би ни биле симпатични или ради кои би навивале за нив. Дури и Ripley е осакатена со тоа што и е земена добрината, човечноста и пожртвуваноста и на нивно место и се додадени надчовечки карактеристики. Додека во претходните делови на глас се дерев во знак на подршка… сега бев тотално индиферентен. На моменти едвај и чекав вонземјаните да испоубијат све за да заврши филмот што е можно побрзо.

Кретенски моменти во сценариото и црни дупки кои и на тотално глуп човек би му биле момент за смеење.  На два ми текнува од одма. Првиот,  вонземјаните дури откако избегаа од ќелија им текна дека можат да плукаат киселина. Вториот,  за да се ослободиш од мртвиот вонземјанинот кој фатен со малото прсте ти виси за чизма, најдобро е да ги исечеш јажињата и заедно со вонземјанинот (спомнав дека е веќе мртов???) да потонете во заборав. Страшно жално во споредба со некои генијални потези од претходните филмови.

Завршната забелешка оди за лошо дизајнираниот ‘завршен’ вонземјанин кој загина на начин многу полош и од самиот неговиот дизајн. Се ова допринесува за еден од најлошите краеви на филм што јас ги имам видено.

На крај морам само да изразам чудење за тоа како е можно режисерот Jean-Pierre Jeunet кој ни има донесено маестрално добри филмови како: DelicatessenLa cité des enfants perdusAmélie и A Very Long Engagement да направи ваква монструозност од филм. Изгледа, не му била годината.

Се на се: Од мене филмов добива едно 3/10 а од почитуваниот Jean-Luc добива еден јак facepalm!

Advertisements